Короната не е критична само за луѓето: Научниците изненадени од ново откритие
Научниците
стравуваат дека горилите можат да бидат заразени и може да умрат од
коронавирус, поради нивната сличност со луѓето. Тие предупредија дека во загрозените
видови, изложени на ризик од коронавирус е и планинската горила во Африка.
фото: Shutterstock
Националниот парк Вирунга во Конго, кој моментно има околу една третина од светските планински горили, одлучи да ги забрани сите посети до 1-ви јуни, образложувајќи ги стручните сугестии дека горилите се склони кон многу од истите респираторни заболувања кои влијаат врз луѓето.
Дури и обична настинка е доволна за да умре горилата, според Светскиот фонд за природа, тоа е една од причините зошто туристите кои ги придружуваат животните не смеат да им се приближуваат.
Одлуката на Националниот парк Вирунга ја поздравија научниците од регионот.
Паула Кахумбу, извршен директор на групата за зачувување на дивиот свет на Кенија „Дивиот свет“, рече дека треба да се направат сите напори за да се заштитат планинските горили, бидејќи во дивината има малкумина.