Кошаркарскиот тренер Неделковски: COVID-19 ја парализира целосно македонската кошарка
Започна како тренер со млади категории за набрзо да ја почне кариерата во најголемиот кошаркарски бренд МЗТ Скопје Аеродром. Од таму со низа успеси и признанија на клубско и репрезентативно ниво станува прв човек во женската кошарка во ЖКК МЗТ Скопје.
Гладот за успехот и љубовта кон неговата работа на Влатко Неделковски му донесе многу нови проекти во кој станува и еден од најдобрите во областа на спортско менаџирање.
- Моментално покрај мојата примарна професија тренер со млади категории, во кој што дефинитивно ова е мојот пат и МЗТ Скопје е мојот дом, со задоволство ја прифатив и се одлучив за понудата да бидам менаџер во ЖКК МЗТ Скопје. По некаков склоп на околности тимот се формираше нетипично на полусезона преку фузирање со друг женски тим кој што немаше некој посебен резултат но со многу потенцијал, па така ние како управа ги земавме работите во свои раце. За период од еден месец веќе нашиот тим се искачи во борба за врвот. За сега сме на чекор до завршниот Final4 турнир на првенството но работите се стопирани поради новонастанатата ситуација со вирусот COVID-19. За жал крајниот епилог нема да го дочекаме, но единствено што можам да кажам сега е дека ЖКК МЗТ Скопје ќе биде синоним за женската кошарка на овие простори додека ја извршувам оваа функција.
Неговите квалитети и успеси во менаџирањето брзо испливаа на повидок па така покрај неговата примарна цел, тој работи на еден голем проект кој што ги опфаќа училишните спортски лиги каде тврди дека преку еден посебен систем на функционирање ќе го крене спортот на едно повисоко ниво.
-Се работи на идеја која е моја визија веќе подолг период околу координирање со училишните спортски лиги првенствено на општинско ниво, потоа на градско. Инвестирањето и правилната селекција на талентираните деца за спорт потекнува од најмала возраст. Према тоа, запознаен со начинот на третирање и функционирање на тие лиги, ја добив поддршката од општина Гази Баба тие сегменти да ги поправиме и да воведеме нов систем на работа во следните години. Убеден сум дека ќе успеам со мојот тим да донесам позитивни резултати на долгорочен план.
Амбицијата не дозволува да го помине само за да продолжи кон поголеми нешта. Бескомпромисен и без влакна на јазикот, дозата на самоувереност и ароганција го прави да е посебен во очите на другите и неговиот круг.
-Низ годините налетав на многу штетни и погрешни влијанија, ставови и луѓе. Фид бекот на мојот карактер е само слика на се што сум денес, па можеби и сум благодарен на сè тоа за да го живеам мојот сон. Мајнд сетот на фрустрации, комплекси, лаги станаа секојдневие во секоја сфера па ги сведов на минимум. Имам свој мал круг на луѓе на кои им се радувам и кои ми се енергија и инспирација во животот. Сметам дека за среќа треба малку, па себично ја чувам.
Кој е Влатко во приватен живот, што носи слободното време, која е најголема слабост, каков му е љубовниот статус и кое е неговото опкружување надвор од професионалниот шаблон.
-Приватниот живот и не го делам баш од професијата што е сигурно грешка. Нема голема разлика во начинот на моето функционирање. Од она што ми останува време за себе го поминувам со мои блиски во одредени локали или често во рекреација. Во поглед на љубов и опкружувањето сум сеуште слободен и воопшто не размислувам на таа тема. Погрешни луѓе чинат премногу, па времето на секому ќе му донесе прав избор, се радувам на луѓето што ги имам и препуштен сум на нив.
Околу брендовите, модните
теми и начинот на облекување, може да го видиме во секаква варијанта.
-Најпрепознатлив сум во спортско издание каде што сум изложен најголем период
од денот, но дневно сигурно менувам три пати гардероба поради професионалните
активности па почитувам кодекси. Сакам да изгледам отмено но во некоја casual
варијанта. Носам брендирани парчиња, но мојот репертоар за избор е мал и
помалку специфичен. Најчесто тоа е Nike, Benetton, Calvin Klein, но секогаш
постојат исклучоци.