Кралскиот бренд на парфеми го лансира Royal Extract II
Guerlain, кој е наречен и кралскиот бренд на парфеми, се свртува кон своите корени и нè воодушевува со повторното создавање на својот иконски мирис ...
Royal Extract II од Герлејн оваа година добива нова можност за живот, заедно со партнерството на познатата марка и луксузна стоковна куќа Хародс. Името на парфемот беше дизајнирано како почит на парфимерот Пјер-Франсоа Паскал, кој ја основа француската куќа за мириси и го создаде својот кралски екстракт од цвеќе во 1828 година.
Овој омаж е фантастично направен со ставање на миризливата суштина во познатото шише Guerlain Bee, во декадентни златно-зелени тонови. „Носот“ зад овој мирис е Тери Васер. Со врвни ноти на розова пиперка и микрочигари, средни ноти на цвет од портокал, кедар и зумбул, и основни ноти на мов, галканум и ветивер, овој иконичен мирис ќе ве однесе на патување низ диви шуми кои совршено ги балансираат аромите на цвеќето и овошјето.
Новиот парфем може да се набави во високо концентрирана форма со волумен од 125 мл во стоковната куќа Хародс- Велика Британија но и онлајн, со цена од 560 евра.