Креативни и уникатни: Костимите за капење на Тони Зен, Дарко Спејко и Павле Николовски
Не сакаат претерано китење. Со строги, но релаксирани дезени и на плажа изгледаат добро
Умешноста на мажот е и кога знае да одбере добар костим за капење. Особено треба да се внимава на квалитетот и дезенот. Сепак, тоа е облека кога само со неа сме на плажа , а не сакаме да ни се случи фијаско. Убавите „купаќи“ имаат моќ да му дадат поголема самодоверба на едно урбано момче или постар маж. Неколку познати ликови кај нас имаат сенс да одберат интересни костими за капење. Не е битно дали се работи за шорц или кратки, битно е убаво да им стојат.
Тони Зен
Раперот често е во костим за капење или пак комбинација на маица и шорц. Непогрешлив е бидејќи знае да одбере, а може да ги носи и одделно со друга облека. Не се стреми кон прешарени „купаќи“, сака смирени линии и спортска елеганција.
Дарко Спејко
Победникот на реалното шоу „Големиот брат“ и додека беше на снимањата носеше одлични шорцеви. Сега ги има неколку, но приотитет дава и на кратките костими за капење. Суптилни или во јаки бои, такви ги бира најчесто.
Павле Николовски
Моментално најпознатиот наш манекен секогаш внимава какви „купаќи“ носи. Не значи дека ако има добро оформено тело може да заненари се останато. Напротив, Николовски се труди тоа да биде модерен костим, претежно еднобоен и пред се, практичен.
Вакви и слични квалитетни машки костими за капење ги има и овде. И тоа со врвна естетика и прилагодлива цена. Брендот Bonatti ќе ве фасцинира од изборот, и за мажи и за жени. Покрај костимите за капење, широката палета ја сочинува и многу модерна и шик долна облека која изобилува со елегантност и софистицираност. Сега сето тоа и со добар попуст.
Цена: 315 денариЦена: 499 денариНебојша Толески