Крис Хемсфорт ги откри 3-те најдобри вежби кои мора да ги правите секој ден (ВИДЕО)
„Ова се вежбите кои најмногу влијаат на развојот на вашето тело“, изјави популарниот актер...
Крис Хемсфорт се почесто објавува тренинзи на социјалните мрежи и им порачува на своите фанови дека мора да спортуваат ако сакаат да бидат среќни, здрави и успешни. Овој пат тој откри кои се 3-те вежби кои се суштински во секојдневниот тренинг и кои мора постојано да ги правите.
Зборуваме за склекови, бурпи и чучњеви
Хемфорт вели дека е доволно да ја правите секоја од овие вежби само 3 минути. На тој начин ќе имате краток, но експлозивен тренинг од 9 минути кој ќе го активира целото тело.
Погледнете ги видео клиповите за да видите како се прават овие вежби, потоа повторете ги и правете ја секоја вежба по 3 минути секој ден и ќе видите како вашето тело почнува да се трансформира.