Културата на кафето Segafredo се развива и во Македонија!
Компанијата Cermat веќе 7 години ја промовира италијанската култура на
кафето.
Италијанското кафе Segafredo е едно од најпопуларните и најпродаваните во светот. Притоа, многумина го сметаат за вистински симбол на италијанската култура на производство и пиење кафе. Во Македонија во изминатите 7 години ексклузивно е достапно во понудата на компанијата Cermat.
Повеќе од 40 години компанијата Segafredo Zanetti им овозможува на приватните потрошувачи и на Хорека индустријата врвно кафе во сите форми и вкусови. Потребни се само 7 грама од врвното мелено кафе на Segafredo за да се подготви светски познатото еспресо што освојува со мирис и вкус.
Брендот Segafredo во два збора – традиција и квалитет.
Компанијата Segafredo е производител на кафе при што поседува свои огромни плантажи за кафе во Бразил. Таму го одгледува кафето во зрно и потоа го преработува во своите неколку специјализирани фабрики. Покрај производството на кафе со врвен квалитет, во понудата на компанијата влегуваат и современи машини за подготвување на едно од најдобрите еспреса во светот.
Во последните неколку години Segafredo е број 1 кафе според застапеност во Хорека индустријата во која влегуваат хотелите, рестораните и кафе-баровите.
Во годината кога е основана компанијата Segafredo, 1973, таа има продадено само 1 тон кафе. Сега, Segafredo продава повеќе од 60 000 тони кафе годишно. Доколку оваа бројка ја претвориме во шолји кафе, тоа би значело дека годишно се пијат 9 милијарди шолји кафе. Компаниите Segafredo и Cermat се пример дека при скромни почетоци со посветеност и со постојано унапредување на работата, квалитетот ќе биде препознаен.
Segafredo е олицетворение на италијанската култура на кафе.
Италијанската култура на кафе го освои светот. Насекаде се веќе познати различните варијации на кафе, во илјадници кафетерии секој ден луѓето нарачуваат кратко еспресо, долго еспресо, двојно еспресо, макијато, капучино итн. Со промената на животниот стил на луѓето се промени и начинот на кој се консумира кафето.
Сè поретко во домаќинствата се подготвуваат оние типови кафе за целото семејство, како што е филтер-кафето и сл. Модерните машини за еспресо сега веќе ни дозволуваат со едно притискање на копчето да добиеме капучино, лате макијато или еспресо токму како што ни одговара нам.
Кафето Segafredo се продава во различни варијанти, од целосно непечено зрно, до печено, мелено и подготвено за консумирање. Може да се најде во супермаркети, хотели, ресторани и во кафе-барови. Низ светот познати се и брендираните кафе-барови Segafredo, кои се во сопственост на компанијата. Интересен податок е дека дури и во Германија, земјата на филтер-кафето, еспресото го има надминато традиционалното кафе во потрошувачката. Таму, сега, во секое второ домаќинство може да се најде италијанска машина за еспресо.
Еспресото Segafredo во еден збор – моќно.
Кафето Segafredo е препознатливо по силниот вкус. Неговата арома прави да ги почувствувате природните зрна на кафето. Ги оживува и ги стимулира сетилата во секое време од денот. Поради контролираниот процес на производство и дистрибуција, кафето на Segafredo секаде во светот го нуди истиот врвен квалитет и вкус. Во кафето Segafredo може да уживате седејќи во најдобрите кафе-барови и ресторани низ Македонија благодарејќи на Cermat.
Segafredo и сладолед Metropoli – премиум комбинација.
Сопствениците на локалите, особено во летниот период, забележале зголемен број нарачки на кафе во комбинација со сладоледот Metropoli. Сите вистински љубители на квалитетно кафе и сладолед ги препознаваат квалитетот во процесот на производство и вкусот на италијанското кафе комбинирано со премиум десертниот сладолед произведен од Cermat.
Ви препорачуваме да ја испробате оваа комбинација и да се уверите во премиум вкусовите!
Пиар објава