Спорт // Спорт
Куп „Благоја Георгиевски - Буштур“ : МЗТ Скопје - Феникс во финалето за титулата
МЗТ Скопје и Феникс ќе играат во финалето на 30. издание на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур“.
МЗТ Скопје подобар од ТФТ, Феникс испиша историја и го победи Пелистер.
Оваа вечер, полуфинална од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, и дефинитивно, беше во знакот на шутерите.
Така беше на првиот, а во ист стил продолжија и кошаркарите на Феникс 2010 и на Пелистер, во вториот полуфинален натпревар одигран во СРЦ „Кале“. Реализираа дури 26 тројки (идентично, по 13 на двете страни)
И историска за кошаркарите на Феникс 2010, кои стигнаа до голема победа, вредна играње во финалето, каде утре вечер од 19.30 часот, ги чека МЗТ Скопје Аеродром.
МЗТ Скопје ќе игра за рекордната 11. титула во Купот на Македонија.