Купив Ламборџини од 400 000 евра и не го возам: Фудбалерот се расфрла со пари
Љубителите на автомобили сонуваат еден ден да имаат Lamborghini или Ferrari. Некој заради соништата од детството, а други за да се „покажат“. Во таа последна категорија спаѓа и фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.
Аргентинецот заработи повеќе од 80 милиони долари во својата кариера, па лесно може да си дозволи педесетина Ламборџини. Во гаражата има неколку автомобили и тој реши да ја засили колекцијата со Lamborghini Aventador, за кој плати 400 илјади евра во 2014 година. Затоа што, ако си богат, грев е да немаш таков ѕвер.
Додека многумина би дале се што имаат за ваков автомобил, на Агуеро очигледно не му е премногу грижа затоа што за седум години минал само 1.200 километри, а во последното интервју признал дека сè уште не знае зошто го купил.
- Не знам зошто купив Ламборџини. Поминав 1.200 километри со него за седум години. Јас воопшто не го користам и веќе две години размислував зошто воопшто го купив. Стои надвор, не сум го измил многу долго време и само собира пајажина и прашина. Фрлив пари за него - изјави аргентинскиот фудбалер.
Фото. EPA-EFE/Paul Childs / POOL
Извор: Новости