Лазаров: Аргентина и Македонија се со сличен квалитет, одиме на победа

Maкедонија вчера претрпе уште еден убедлив пораз на Светското првенство, а селекторот Кирил Лазаров денес ги искажа своите ставови и напомена дека целата репрезентација ги прифаќа критиките.

И покрај тоа што сме биле свесни дека Холандија е поквалитетна во овој момент, сепак разликата според Лазаров е превисока.

„Критиките ги прифаќаме и треба да ги има кога не играме добро. Знаевме дека Холандија е поквалитетна во овој момент, но разликата не е реална. Правевме многу грешки во одбраната и нападот. Оваа генерација е нова и допрва треба да созрева на големи натпреварувања. Сметам дека ова Светско првенство до кое тешко дојдовме, добро ќе им дојде на младите", изјави Лазаров. Утрешниот натпревар против Аргентина ќе биде главната битка за следна фаза, а ние мораме да победиме за пласман.

Главната битка со Аргентина ќе биде утре, тие се репрезентација со голем квалитет и играат цврст ракомет. Со квалитет сме тука некаде и мислам дека ако сакаме да победиме мораме да одиграме максимално квалитетно. Мораме да учиме од грешките", истакна селекторот.

Лазаров додаде и дека настапот на Томислав Јагуриновски кој се повреди во првиот натпревар против Норвешка е неизвесен.