Лазаров: Ова не е крај, следува ново поглавје во мојата кариера, во друга улога

Кирил Лазаров објави крај, официјално, заврши играчката кариера на еден од најдобрите наши ракометари на сите времиња.

Македонската ракометна легенда потврди дека плановите се да продолжи со работа, како селектор и како тренер.

„Тоа што ја завршив играчката кариера не значи дека е крај во ракометниот спорт за мене. јас останувам селектор на Македонија, а во иднина можеби ќе работам и во некој клуб. “, изјави Лазаров на прес-конференцијата.