Легендарниот фудбалер стана свештеник, а по 8 години конечно се појави во мантија и откри зошто отишол во манастир: Имаше сѐ, но не и ова

Поранешниот фудбалер и играч на Манчестер Јунајтед, кој стана свештеник пред осум години, конечно ја отвори душата и раскажа што точно го натерало зад себе да остави навидум гламурозен и удобен живот и да се посвети на верата и подвигот.
Филип Марлајн дојде преку младинската академија на Манчестер Јунајтед и го одигра својот единствен натпревар во Премиер лигата во 1998 година против Барнли, заедно со легендите како Теди Шерингам и Енди Кол. Тој исто така изигра 27 натпревари за Северна Ирска, а неговата кариера го однесе низ клубови како Норич и Кардиф, пред да ја заврши професионалната фудбалска кариера во 2008 година.
Меѓутоа, во 2017 година се одлучи на сосема поинаков пат и стана ѓакон во Католичката црква, избирајќи многу поскромно живеење во споредба со неговите фудбалски денови, кога заработуваше и до 600.000 евра годишно.
Пред неколку дена, тој за официјалната веб-страница на Норвич изјави дека станал „незадоволен од целиот начин на живот“ што го водел како фудбалер - иако бил дел од гламурозниот свет, па дури и излегувал со модели како Никол Чепмен, а сега ги сподели своите искуства како духовен водач и Божји гласник пред младите фудбалери од академијата „ Belfast Live“.
„Јас живеам во манастир, па затоа сум повеќе монах отколку свештеник во традиционална смисла. На прв поглед не би го виделе тоа, но има многу сличности. Во манастирот сме петнаесетмина и се потпираме еден на друг - тоа се вредности што ги научив во Манчестер Јунајтед. Имам супериорен во манастирот, баш како што некогаш имав одличен менаџер -одличен тренер. Сето тоа е прекрасно искуство. Имав прекрасна фудбалска кариера, мојот сон беше да играм за Јунајтед“, изјави Филип Малрајн.
Поранешниот фудбалер во таа прилика откри дека во манастирот немаат телевизори, туку само една просторија со неколку компјутери, каде повремено гледа фудбалски резимеа од три минути за да биде во тек со спортските настани.
Започна, па престана
Неговата фудбалска кариера беше релативно кратка. Тој одигра неколку натпревари за Манчестер Јунајтед, но само еднаш во Премиер лигата, по што во 1999 година се пресели во Норич за 600.000 евра. Тој стана миленик на навивачите во Норфолк и забележа над 150 настапи во лигата пред да се пресели во Кардиф во 2005 година. Сепак, неговата кариера тргна надолу – тој ретко играше за Кардиф, а подоцна имаше кратки периоди во Лејтон Ориент и Кингс Лин Таун.
И покрај тоа што беше дел од фудбалскиот свет и заработуваше сериозни пари, Малрајн набрзо сфати дека таквиот живот не му донесе вистинска среќа.
„Тешко е да се одреди точниот момент кога решив да станам свештеник. Би рекол дека тоа започна во текот на мојата последна година во Норич. Сè уште не сум размислувал експлицитно, но чувствував дека овој вид на живот повеќе не ми одговара. Фудбалот носи неверојатни подеми и падови, но и покрај сè, почувствував некаква празнина“, изјавил во текот на обраќањето поранешниор фудбалер, а пренесе Дејли Мејл.
Ова го поттикнало да ја преиспита својата вера, истата онаа што ја имал како млад човек.
„Решив да се вратам дома една година и тогаш мојот живот целосно се сврте. Волонтирав во прифатилиште за бездомници, почнав повторно да одам на миса и почнав редовно да се молам. Најдов внатрешно исполнување кое фудбалот никогаш не може да ми го даде", рекол тој.
Повеќе од една деценија откако го напушти фудбалот, Малрајн вели дека не жали за својата одлука:
„Мојата одлука да станам свештеник и да се приклучам на монашкиот ред дојде подоцна истата година. Почувствував силна желба за тој начин на живот. Размислував за тоа неколку месеци, а потоа собрав храброст да тргнам на тој пат. Сега, осум години подоцна, знам дека тоа беше вистинската одлука", гордо сподели тој со присутните.
Турбулентни почетоци
Иако во текот на кариерата имаше многу фанови, неговиот пат не беше секогаш без проблеми.
Во 2005 година, додека беше дел од репрезентацијата на Северна Ирска, Малрајн беше исфрлен од тимот и срамно испратен дома откако го прекрши полицискиот час и излегол да пие со соиграчот Џеф Вајтли.
Интересно, поранешниот фудбалер Питер Крауч, кој играше со Молрајн во Норич, се пошегува во својата книга „Како да се биде поранешен фудбалер“ дека можеби тој бил причината поради која Малрајн одлучил да стане свештеник:
„Можеби – и ова е нешто што не сакам да го признаам – тие луди месеци со мене беа јасни показатели дека му треба сосема нова насока во неговиот живот“.
Во 2009 година, Малрајн првпат се запишал на Папскиот ирски колеџ во Рим, каде што го започнал својот пат кон свештенството. Пред тоа, две години студирал филозофија во Италија, а потоа завршил четири години теолошки студии во Белфаст.
Фото: Видео - shalomworld.org - screenshoot/ Youtube - screenshoot