Легендата Пеле успеа да сопре една од најбруталните војни: Фудбалерот обезбеди мир

Фудбалските натпревари не се баш синоним за борбата за светскиот мир. Поточно, натпреварите порано биле причина за големи конфликти, а понекогаш и за војни.

Се сеќаваме само на квалификациите за СП во 1970 година, кои беа „црвена трвога„ за „фудбалската војна“ меѓу Ел Салвадор и Хондурас. Нешто слично се случи во 1990 година по мечот меѓу Динамо Загреб и Црвена Звезда, што очигледно беше еден од воведите за распаѓање на поранешна Југославија.

Но, од друга страна, фудбалот ја има таа можност да ги обедини луѓето. еден фудбалски натпревар, барем за кратко време, го запре еден од најбруталните конфликти на 20 век – Бијафранската војна. Конфликтот се водеше помеѓу сојузните власти на Нигерија и самопрогласената република Бијафра. Меѓународната заедница беше немоќна да организира примирје.

И тогаш се појави Пеле.

Имено, во текот на 1969 година, фудбалскиот велемајстор требаше да ја посети Нигерија со својот клуб - „Сантос“ - и потоа да игра во шоу натпревар. Натпреварот беше закажан порано, а од финансиски причини, Бразилците не сакаа да го откажат.

Од една страна, „Сантос“ беше толку добар во тоа време што добија големи суми пари да патуваат низ целиот свет и да играат со најдобрите локални тимови.

А, од друга страна пак, Пеле беше неспорно најдобриот фудбалер на светот.

Значи, повеќе од разбирливо е што никој во Нигерија не сакаше да ја пропушти да ја види легендата во акција, без оглед колку биле посветени на војната што се водела во тоа време.

Веднаш беше потпишано дводневно примирје. Војници од обете страни присуствуваа на натпреварот. Немаше инциденти. По само 48 часа, тие се вратија да се убиваат едни со други.

Па така, Пеле, барем 48 часа ја прекина војната.

Фото: AP