Лени Кравиц ја отвори вратата од својот дом во Париз и го покажа секој агол од совршено опремената вила во која живее 22 години

„Не е тоа што го барате, но мора да го видите ова“, му рекол еден агент за недвижности на Лени Кравиц пред околу дваесет години, кога музичарот барал совршен дом со две спални соби во Париз.

Наместо скромен стан, Лени го купил луксузниот дом на грофицата Ана Д'Орнано од 1920-тите.

Кога го купил овој феноменален дом, Лени толку се „заразил“ со желбата совршено да го уреди домот, што секоја недела го посетувал пазарот за мебел и така малку по малку го претворил својот дом во уметничко дело.

View this post on Instagram

A post shared by Architectural Digest España (@ad_spain)

Во центарот на ходникот се наоѓа прекрасен кровен прозорец што ги фрла сончевите зраци врз главната ѕвезда на овој дом, пијано во ограничено издание дизајнирано од самиот Лени во соработка со „Стајнвеј и синови“.

Куќата зрачи со топлина, уникатност и елеганција - со допир на рокерска автентичност.

Оваа куќа ни покажа дека Лени Кравиц не е само музичар, туку и успешен дизајнер на ентериер. Неговото студио „Кравик Дизајн“, основано во 2003 година, соработувало со брендови како „Леика“ и „Дом Перињон“. 

Неговиот дом во Париз ја одразува таа креативна визија - мешавина од брутализам, афрофутуризам и софистицирани дела од 70-тите.