Леонардо ди Каприо разговарал со шефот на НАСА: Ми кажа што ќе се случи во светот

Актерот Леонардо ди Каприо (47) на промоцијата на филмот на Нетфликс „Don't look up“ зборуваше за проблемот со климатските промени и рече дека не е оптимист за развојот на тој проблем.

„Се сеќавам кога работев на документарниот филм „Пред поплавата“, при што го посетив шефот на НАСА, кој детално ми објасни што ќе се случува во светот во следните пет години. Го прашав: „Што ќе се случи во Калифорнија?“, на што тој ми одговори: „Ќе има огромни пожари кои ќе уништат безброј дрвја, а потоа ќе следи невидена суша и слично ќе биде низ светот“, изјави актерот.

Тој тврди дека занемарувањето на научната заедница е срамота и рече дека корпорациите треба да дадат свој придонес доколку мислиме дека имаме позитивно решение за оваа ситуација.

„Се се сведува на еволуцијата на свеста на нашиот вид и на одлуката дали ќе реагираме на време. Сега, експертите ни дадоа период од девет години во кој последиците од климатската криза ќе станат појасни, пореални и неповратни. Тоа е она што не ме прави оптимист. Светот што го гледаме денес нема да се подобри со сите овие катастрофи, само ќе се влошува“, заклучи Ди Каприо.

Тој вели дека е горд што е дел од филм кој сака да ја прикаже реалноста и да ја нагласи итноста од потребата да се дејствува на кој било начин што го знаеме, но смета дека трудот мора да дојде од приватниот сектор, односно од компаниите кои произведуваат 70 проценти од светските емисии.


(Извор: 24сата)