Лепа Брена купи цел кат во луксузна населба: Прв комшија- Новак Ѓоковиќ
Една од најголемите sвезди во регионот веќе четири децении, 60-годишната пејачка Лепа Брена и нејзиниот две години помлад сопруг, поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ, неодамна одлучија да се преселат во соседството на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓokоковиќ. Имено, двојката Живојиновиќ „искешираа“ 600 илјади евра за неколку станови во нова зграда во елитниот дел на Белград, каде што ќе се вселат и Ѓоковиќ, пренесува Курир, кој објави и ексклузивни фотографии.
На фотографиите се гледа како Лепа Брена и нејзиното семејство разгледуваат зграда и ги следат сите детали бидејќи изведувачите предвидувале дека секој купувач може да го украси станот според сопствените идеи и желби.
Гнездото на семејството Живојиновиќ во Белград ќе се простира на околу 200 квадратни метри, и ќе биде поделено на две или дури три станбени единици. Се шпекулира дека Брена и Боба го купиле целиот кат, бидејќи таму ќе живее и нивниот најмлад син, 22-годишниот Виктор. Нивниот претходен дом, вилата на Бежанијска коса, Брена ја изнесе на продажба за два милиони евра.
Купувачите сè уште не одговориле, откри пејачката, но нема намера да ја намали цената. Таа е подготвена да почека додека не се појави личност која е подготвена да одвои толку многу.
Извор и фото: Курир.рс