Лига на шампиони: Младинците на Победа против ирскиот Колерајн

Во Нион, седиштето на УЕФА, ждрепката за годинашниот циклус мечеви од Младинската лига на шампиони, реши Победа да игра со шампионот на Северна Ирска, екипата на Колерајн.

Младинците на Победа за противник во прелиминарната рунда меѓу 32та тима младински шампиони на своите земји, го добија првакот на Северна Ирска Колерајн,,град 55 км северозападно од Белфаст. 

Првиот меч се игра на 14 септември во Ирска а реваншот е на 5 октомври во Скопје.

Победникот од овој двомеч во второто коло ќе се сретне со поуспешниот од двомечот Генк/Славија Прага.