ЛШ: Реал Мадрид со петка го „поздрави“ Ливерпул, Наполи без проблеми со Ајнтрахт

Реал Мадрид и Наполи се на чекор од пласман во четвртфиналето, на првите средби од нокаут рундата во осминафиналето „кралевите“ со 5-2 го победи Ливерпул додека тимот на Елиф Елмас со 2-0 славеше против Ајнтрахт во Франкфурт.

Нуњез и Салах најавија дека Ливерпул може до четвртфинале со водство 2-0 по само 14 минути игра.

Грешеше голманот на Реал, Куртоа но и голманот на Ливерпул, Алисон … Реал израмни со головите на Винициус Жуниор до крајот на полувремето за 2-2.

Во вториот дел, комплетен пресврт, со двата гола на Бензема и еден на Милитао, Реал Мадрид стигна до пресврт и 2-5.

Наполи победи во Франкфурт против Ајнтрахт со 2-0, головите се дело на Осимен и Ди Лоренцо.

Елиф Елмас играше од 80 минута.

ВИДЕО: 

https://youtu.be/HwErBJntCII