Лудило на пресот во Австралија - проговори Новак Ѓоковиќ, шокираната соиграчка гледаше со неверување
Новак Ѓоковиќ повторно е во центарот на вниманието, но овојпат тоа не е поради одличните настапи на теренот.
Во Австралија се игра репрезентативниот турнир кој е создаден со соработка на АТП и ВТА и треба да го замени Хопман и АТП купот.
Во него учествува и Србија, која во првото коло од групата во Перт победи против Кина.
На прес-конференцијата по натпреварот, потегот на Новак Ѓоковиќ ги запрепасти сите присутни во прес-салата, па дури и неговиот соиграч.
Може да се каже дека најмногу била шокирана од она што го видела, поточно она што го слушнала.
Ѓоковиќ реши на сите да им се обрати на кинески.
„Среќна Нова Година на сите. Како сте? Ви благодариме за поддршката. Те сакам Кина, мој добар пријател“, рече Ѓоковиќ.
Сите го гледаа со неверување, а Олга Даниловиќ имаше посебен израз на лицето кој го обиколи светот.
Новак Ѓоковиќ беше познат по тоа што одлично зборува англиски, германски, француски, италијански и шпански, а се чини дека одлично му оди и со кинескиот.
Novak Wishing Chinese fans a Happy New Year 2024 in Chinese. (look at Olga and Viktor's reaction
— pete_shaw (@petexiao1) December 31, 2023
"Happy New Year! How are you, thank you for your support, I love you, China, my good friend!"<>“!” pic.twitter.com/7KRKXe9Lz3