Луѓето кои пушат ваков вид цигари имаат поголем ризик за рак на белите дробови
Нова шокантна студија покажа дека луѓето се поизложени на најчестата форма на карцином ако изберат ваков вид цигари.
Многу пушачи се одлучуваат за таканаречените „лесни (light)“ цигари, сметајќи дека тие се поздрава алтернатива поради помалиот процент на катран.
Сепак, научниците тврдат дека лесните цигари ги ставаат пушачите во поголем ризик да заболат од најчестиот вид карцином - аденокарцином. Тие истражуваа зошто инциденцата на пациентите со овој вид на рак е значително зголемена во последните 50 години.
Резултатите го потврдија она што мислеа многу здравствени експерти - постоеше јасна врска помеѓу зголемувањето на бројот на пациенти со овој вид карцином и поголемата побарувачка на лесни цигари. Лесните цигари, кои имаат мали дупки во филтерот, беа воведени пред 50 години и агресивно се рекламираа како поздрава опција.
„Сето ова беше направено со цел да се измамат пушачите да мислат дека се побезбедни кога пушат ваков вид цигари. Нашите податоци покажуваат јасна врска помеѓу ракот и овие цигари. Она што е уште позагрижувачко е фактот дека овие дупки се додаваат буквално на филтрите на сите цигари што луѓето ги пушат денес “, тврди водичот на истражувањето, д-р Питер Шилдс од Државниот универзитет во Охајо.
Овие дупки им овозможуваат на пушачите да вдишат повеќе чад што содржи зголемено ниво на хемикалии и токсини кои предизвикуваат рак. „Оваа вентилација на филтерот го менува начинот на согорување на тутунот и затоа создава повеќе канцерогени материи кои потоа овозможуваат чадот да достигне подлабоко во одредени делови на белите дробови каде што најчесто се формира со аденокарцином“, објаснува д-р Шилдс.
извор: beograd.in