Лулашка за спиење на работа: Ова ни треба

Оваа лулашка е специјално создадена за да можете да ја обесувате под вашата работна маса и да се одморите за време на вашиот работен ден ...

Се повеќе компании започнаа да им даваат на своите работници подолги паузи, за да можат да имаат подобар одмор, затоа што добар работник е одморен работник. Некои претпочитаат да го искористат тоа време за дремнување, но бидејќи компаниите немаат кревети, тоа не е можно.

Како и да е, компанијата Human Solution најде решение и успеа да обезбеди секој работник да може да се одмори во канцеларијата. Компанијата произведува мали лулашки кои чинат 55 долари и кои висат под бироата.

Кога е време да се одморите, едноставно закачете ја под масата и прилегнете сиво неа за да ги одморите главата и очите. 

Оние што ја нарачале велат дека е одлична и дека ќе ви обезбеди соодветно место за одмор и уживање. 

Заедно со лулашката, можете да купите и дополнителни држачи за нозе, така што ќе можете да се истегнете колку што е можно додека си лежите под масата.