Ма каков коронавирус: Дан Билзериан, кралот на Инстаграм и со по 50 жени на едно место

Дан Билзериан е крал на Инстаграм со причина, затоа што неговите објави секој ден добиваат милиони прегледи. Овој човек го заработи своето богатство играјќи покер професионално на натпревари и заради неговиот талент во оваа игра тој успеа да се обезбеди со прилично луксузен и удобен жвотот. Неговата популарност на Инстаграм беше креирана многу брзо бидејќи Ден постави фотографии на со убави голи жени, моќно огнено оружје, луксузен живот, но и слики од луксузни и уникатни возила што не можат да се видат на улица.

Да, тој има огромно богатство и живот за кој можеме само да сонуваме, но често пати сака да зборува за тоа како неговиот живот е делумно проклетство и како не може заради неговото огромно богатство да ужива во нормални и едноставни работи како нормални луѓе. Тој објасни дека парите и не можат баш да купат среќа и дека среќата можете да ја пронадете само со помош на семејство и вистински пријатели, ама зборува и на темата љубов.

Дан е познат по тоа што има огромен број жени во своето присуство и е еден од најпосакуваните ергени, кого скоро секоја жена сака да го има. Сепак, тој објаснува зошто не сака да се „смири“ и го поминува времето со стотици жени.

Жените се најранливи кога се љубоморни и јас го користам тоа. Кога сте со една жена, а потоа се фокусирате на втората, првата ќе полуди. Тоа е едноставно женска психологија. Таa љубоморната тогаш ќе стори сé за да ви го сврти вниманието и љубовта. Јас го применувам тој систем, само со многу поголем број на жени. Тие сите се обидуваат да ме задоволат и да се натпреваруваат едни со други што ќе биде подобро за мене, а тоа ми го разубавува животот. Се разбира, славата и парите играат голема улога и веројатно повеќето од нив не би биле со мене ако сето ова го немам, но ситуацијата е таква и ја користам. Што се однесува до бракот, јас не сум маж за тоа, туку ги разбирам мажите кои сакаат да се „смират“ и кои сакаат деца. Можеби еден ден ќе го посакам и јас тоа, но денес едноставно не сум човек за тоа “.

Ден исто така објасни дека мажите се како животни и дека се создадени за да имаат секс со повеќе жени, не само со една. „Во природата е јасно, алфа мажјакот ги добива сите женки и тие и со нив се пари за создавање потомство. Сите животни го прават ова и тоа е природен феномен. Тука лежи уште една причина што сакам да бидам со многу жени “.

Тој исто така признава дека е зависник од секс и дека не би можел да биде задоволен доколку билсо само една жена, така што со помош на голем број жени тој ја лекува својата завист и ги задоволува своите сексуални потреби.

Што се однесува до коронавирусот и изолацијата, а со тоа и карантинот... Да, во карантин е со 50 жени. Секој ден заедно вежбаат, се бањаат во базен, се сончаат, уживаат јадејќи луксузни специјалитети. Ден обожава да ги разгалува жените па преку онлајн нарачува секакви скапоцени подароци за нив. Тие просто се возбудени од неговата дарежливост и внимание и се „тепаат„ која од нив да му биде најомилена. За сега, сите му се омилени.