МА, КАТАСТРОФА: Што се случува кога воз во Јапонија ќе замине 20 секунди порано?

Добро, не претерувајте.

Јапонска компанија која обезбедува услуги за железнички транспорт издаде јавно извинување откако еден од нивните возови заминал 20 секунди порано од наведеното време.

Во Јапонија, земја со најсигурна железница во светот, ретко се случува да има задоцнување или порано движење на возовите, па затоа овој настан предизвика големо внимание.

Управата на линијата Цукуба експрес, чии возови сообраќаат меѓу Токио и Цукуба, испрати „искрено извинување за предизвиканата непријатност“.

Раководството на компанијата наведува дека вработените не го провериле распоредот доволно добро, односно времето на поаѓање на возот, па се случила „кардинална“ грешка.

Во соопштението се наведува дека возот требало да замине во 9:44:40 часот по локално време, а тој заминал во 9:44:20 часот.

Иако никој од патниците не се пожалил, управата на компанијата се смета себеси за одговорна и должна да им се извини на патниците за пораното поаѓање на возот од станицата. Оваа линија превезува патници од Токио до Цукуба за 45 минути.

Корисниците на социјалните мрежи беа изненадени од извинувањето на компанијата.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Зошто седиштата во автобусите се шарени? Кога ќе видите, ќе посакате никогаш да не дознавте! (ВИДЕО)