Мадона ги покажа голите гради со држач под нив: „Ништо не земајте здраво за готово„
Ако за некој и нешто треба да се каже дека е контроверзно, само изговорете го името на Мадона. Поп кралицата секогаш во центарот на вниманието и се докажало дека ако во моментов нешто прави, а го сметаат за контроверзно, по неколку години таа веќе поставила нови стандарди со тоа- или станува глобален тренд.
Не е прв пат да ги покаже градите, но сега во малку поинакво издание, поткренати со држач под нив. И да, се се гледа! Таа се појави на забавата во престижниот клуб во Њујорк, „Boom Boom Room“ и немаше некој да не гледа во неа.
Се качи на сцената и изведе неколку свои хитови, а и бојата на косата и беше променета. Како што пишуваат странските медиуми, малкумина ја имале среќата да ја видат и слушнат кралицата на поп-музиката таа вечер во престижниот клуб. Инаку, сето тоа било во склопот на одбележувањето на парадата на гордоста.
На забавата, меѓу другите, присуствувале и нејзината ќерка Лурдес, манекенката и актерка Емили Ратајковски и водителот Енди Коен.
Мадона беше со нејзиното момче, Ахламалик Вилијамс, кој е помлад од неа скоро 40 години.
Мадона им порачала на насобраните „ништо да не земаат здраво за готово“, и да научат да се сакаат себеси.