Спорт // Спорт
Мајк Тајсон има да ви соопшти нешто: Пуши марихуана и ве поздравува
Ако не е атрактивен во нешто, не може по се‘ изгледа да живее со полни гради. Мајк Тајсон е легенда која и денес интригира, а целата негова боксерска кариера беше пропратена со скандали.
Сега повторно „провоцира“.
Тој штотуку потврди дека по 15 години пауза се враќа во рингот а противник ќе му биде Рој Џонс Џуниор. Пресметката ќе биде во септември во Калифорнија.
За да го соопшти тоа, постираше видео и пушеше „џоинт“.
Инаку, тој се залага за употреба на марихуана, а има и плантажа на која произведува и масло од канабис за медицински цели.