Мајката го пуштила синот место неа: Ги загуби сопругот и синот во Титан
Кристин Давуд, чиј 49-годишен сопруг Шахзада и 19-годишен син Сулејман загинаа во експлозијата на Титан, за прв пат проговори за Би-Би-Си откако беше откриено дека ниту еден од патниците не ја преживеал експлозијата на подморницата.
Кристин и нејзината ќерка 17-годишна ќерка Алина биле свесни дека е започната спасувачка мисија кога бил изгубен контактот со подморницата. Нејзината ќерка есе надевала дека нејзиниот татко и брат ќе се појават живи и здрави, а Кристин „изгуби секаква надеж по 96 часа“.
„Планирав да одам со Шахзад пред неколку години за да го посетам потонатиот брод Титаник. Нашето патување беше откажано поради пандемијата на корона вирусот. Но, потоа се повлеков и му дадов простор на Сулејман“, изјави сопругата на пакистанскиот богаташ.
ФОТО: BBC/Prins Screen