Македонец диктира мода од Њујорк: Стил на неделата
Имаме многу наши момчиња и мажи ширум светот кои со својот
стил знаат да освојат и таму некаде. Веќе неколку пати во „Машки магазин“ ви
презентиравме неколку кои се избрани за трендсетери и инфлуенсери во регионот.
Малку подалеку, во Њујорк, Стојан Симјаноски презентира стил на начин својствен само за него.
Тој е урбано момче кое знае дека стилот одразува карактер, па целиот карактер му се гледа на фотографиите кои ги постира на Инстаграм. Се облекува модерно, во согласност со новите модни трендови и не е носталгичар по ретро парчиња.
Комбинира спортско со елегантно, но минимализмот го следи постојано. Игра вешто со боите иако се гледа дека црната најмногу ја обожава и преферира.
Не е припадник на оние кои носат костуми, а трансформацијата ја создава со пантолни кои имаат суптилен дезен, комбинирани со кожена јакна и/ или со џемпер и дуксер. Едноставно, сака да е во тренд, каков што впрочем е и градот Њујорк.
Често рекламира произиводи на познати брендови, а тоа го прави многу смислено и врвно.
Едноставно, знае како, колку и зошто...
Небојша Толески