Македонецот во САД со УЕФА А лиценца: „Најгорд сум што 7 играчи од сегашната А репрезентација сум ги тренирал, водел по турнири и утакмици“

Спортот е една од најважните карики за создавање на здрава личност. Покрај физичката, придонесува и за менталната сила. Затоа некои луѓе цел живот се занимаваат со спорт.

Павел Неделковски е поранешен фудбалер во Вардар, Скопје, Металург, Работнички, Цементарница, Беласица, Раднички- Ниш. Бил тренер во Работнички- младинска школа и два пати на прва екипа помошник на Ѓоре Јовановски. Тренер Во младинска школа на Фк Вардар и два пати Шампион на Македонија со млади. Тренер Во Скупи и Шампион на Македонија.

Но, патот го однесе во Америка. Таму е тренер во академијата на DC United и уште во два клуба. Има УЕФА А лиценца.

1. Каде живеете точно, во кој клуб сте тренер, на која возраст?

- Монетално сум стациониран во Вашингтон,Тренер Во FVUnion кој настапува во најсилната младинска лига  ESNL

2. Колку години сте во САД, што ви беше најтешко во прилагодувањето? 

- Веќе 5- та година сум ваму. Најтешко ми беше начинот на работа кој е различен од кај нас ама брзо се навикнав, поради искуството кое го имам, веќе работам како тренер повеке од 17 години во професионални клубови. И три пати сум бил тренер во Први екипи. Имам учествувано во преку 15 квалификациски утакмици во УЕФА, меѓу кои против Анортозис, Лазио, Динамо загреб, Санта Клара Португал...

3. Колку Американците навистина се интересираат за европскиот фудбал, по нивно сокер?

- Сеуште доминираат нивните традиционални спортови, но фудбалот е во огромна еспанзија а доказ за тоа се Меси и Светското првенство 2026 кое се одржува тука.

4. Имате ли недостиг на деца поради тоа што во САД е поценет американскипт фудбал?

- Овдека традиционално секое дете тренира спорт, а се повеќе и повеќе децата играат фудбал, многу станува популарен и меѓу младите луге. Америка игра на секое светско првенство, значи дека е присутна во елитниот фудбал цело време, и дава играчи кои играат во најголемите Европски тимови- Барселона, Јувенрус...

5. Каде се прошетавте низ Сад и што ви остави најголем впечаток?

- Посетив многу градови- Њујорк, Мајами, Чикаго, Сан Диего, Лос Ангелес, Канзас Сити, Филаделфија, едноставно работат напорно се додека не ја исполнат својата цел која е секогаш многу високо поставена.

6. Споредба на фудбалот таму и тука и споредба на навивачите? 

- Имаат MLS тимовите свои навивачи меѓутоа не се како кај нас, едноставно одат да се забавуваат на стадион, додека кај нас секоја утакмица ја прифаќаме со многу поголема страст.

 7. На кој дел од вашата кариера сте најгорд и што ви фали од дома најмногу?

- Најгорд сум што 7 играчи од сегашната А репрезентација сум ги тренирал, водел по турнири и утакмици, има 4 играчи во сегашната U17 кои ги тренирав и селектирав пред да дојдам во САД. Има ли поголема гордост од тоа да видите дека некој ваш играч ја преставува Македонија на спортски план. Ми фали фамилијата, моите пријатели и колеги, ми фали моето Скопје со сите маани што ги има кои го прават така посебен град

Н. Толески