Македонија - Финска, сите на стадион, одиме на победа
Вечерва на арената „Тодор Проески“ од 18 часот се среќаваат Македонија и Финска, пријателски натпревар во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски има убава шанса против Финска која е подобро рангирана на ФИФА листата од Македонија а се наоѓа на 57 позиција, да го тестира квалитетот на националниот тим пред ЕУРО 2024 квалификациите.
Иако станува збор за пријателски натпревар, резултатот е важен.
Треба да гледаме напред и да напредуваме. Приоритет на секој репрезентативец е да се победи. Овие мечеви се добри за самодоверба, посебно за фудбалерите кои имаа помала минутажа. Репрезентацијата е нешто свето. Многу фудбалери сонуваат за овој дрес. Не треба да бараме алиби за напорната сезона и заморот кој го чувствуваме. Само теренот е показател дали си добар или не“, рече на прес конференцијата капитенот Стефан Ристовски.
Македонија и Финска се среќаваат по петти пат, нашиот денешен противник има две победи во квалификации за светско првенство, на двете пријателски средби, нашиот национален тим запиша една победа и еден нерешен натпревар.
Пренос од натпреварот денес на Спортклуб ХД.