Македонија до 17 славеше убедлива победа со 5:2 над Албанија на стартот од квалификацискиот турнир
Младата женска репрезентација славеше убедлива победа од 5:2 против селекцијата на Албанија на стартот од квалификацискиот турнир што се одржува во Драч.
Младите фудбалерки поведоа во 13. минута со погодокот што го постигна Митковска. Домаќинот на турнирот успеа во 33. минута да го израмни резултат преку Метоха. Минута подоцна Аго постигнува гол за комплетен пресврт и предност на Албанија од 2:1. Ѓорѓиева во последната минута од првиот дел успеа да погоди за израмнување на предноста.
Избраничките на Катерина Милеска одиграа феноменално второ полувреме, во кое успеаа да постигнат три гола и да комплетираат убедлив триумф над незгодната селекција на Албанија. Во 52. минута Павловска погоди за предност на Македонија. Истиот играч во 72. минута се запиша повторно во лисата на стрелци. Во 87. минута Василева ги постави конечните 5:2.
Во второто коло од квалификацискиот турнир силите ќе ги одмериме со Косово.