Македонија до 18 години на силен турнир во Словенија

Младата репрезентација на Македонија до 18 години во периодот од 1 до 9 јуни ќе учествува на силниот меѓународен пријателски турнир во Терме Чатеж, Словенија.

На силниот турнир во Словенија, Македонија ќе одигра два меча против домаќинот, Словенија и селекцијата на Полска.

Првиот дуел го играме на 4. јуни против Полска, на стадионот Кршко со почеток од 18. часот.

Против домаќинот, репрезнтацијата на Словенија, силите ќе ги одмери на 9. јуни. Натпреварот ќе се одигра во 11. часот во Терме Чатеж.

Селекторот Неџат Шабани се соочува со огромни проблеми околу составување на тимот, со оглед на тоа што ќе отсуствуват неколкумина клучни фудбалери од оваа генерација.

Повикани се следните фудбалери:

Голмани: Васко Василев (Црвена Звезда, Србија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Давид Љусев (Работнички), Ристе Лембовски (Македонија Ѓ.П.), Енис Буќи (Македонија Ѓ.П.), Никола Павлески (Македонија Ѓ.П.), Стефан Младеновски (Франкфурт, Германија), Стефан Стојановски (Вардар),  Никола Најдовски (Шкупи), Бројан Поповски (Работнички);

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Донарт Ибраими (Работнички), Матео Софијаноски (Њу Старс), Дејвид Митревски (Македонија Ѓ.П.), Игор Јаневски (Силекс), Ардијан Чилафи (Сампдорија, Италија), Муаз Салихи (Шкупи);

Напад: Марко Софијановски (Њу Старс), Зани Назифи (Шкендија), Михаил Талевски (Пелистер), Артан Мемедов (Санднес, Норвешка);

Селектор на репрезентација на Македонија до 18 години, Неџат Шабани:

-Се соочуваме со огромни проблеми околу играчкиот кадар. Во националниот тим отсуствуваат играчите Гуџуфи, Мурати, Ричков, Трајков, Ѓорѓиевски, Стоилов, Чајани, Ташов, Елези е прекомандуван во селекцијата до 21 година. Патуваме во Словенија доста ослабени, но се надевам дека ќе се покажеме во добро светло и ќе одиграме добри мечеви, нема откажување. Се надевам дека повиканите играчи што треба да ги заменат отсутните фудбалери ќе се покажат во добро светло и ќе ја искориста можноста што им е пружена.