Македонија ЃП и Христијан Стевковски ја продолжија соработката

Актуелниот шампион во Купот на Македонија, екипата на Македонија ЃП, официјално потврди дека го продолжи договорот за соработка со голманот Христијан Стевковски.

Христијан Стевковски стави потпис на договорот до 2024 година со тимот од Ѓорче Петров.

„Задоволство ми е што го продолжувам договорот и што останувам дел од Лавовите. Се надевам на уште успеси и убави моменти во Ѓорче“ – изјави Стевковски.