Македонија и Финска одиграа нерешено во Скопје, гол на Барди

Македонија и Финска одиграа 1-1 на арената „Тодор Проески“ во Скопје, натпревар на кој повторно создадовме многу шанси а реализиравме една преку Барди од пенал.

Финска поведе преку Антман во 37 минута од класична контра, претходно Македонија имаше шанса преку Несторовски за водство.

Во вториот дел, Македонија започна одлично, три шанси за Барди, по една на Несторовски и Дориев, но гол нема.

Во 75 минута пенал за Македонија, Барди сигурен реализатор за конечни 1-1.