Македонија и гостува на Словачка во 18 часот
Македонија денеска од 18 часот и гостива на Словачка во Левице, петти натпревар за нашиот кошаркарски тим, имаме четири победи од четири средби досега во првиот квалфикицаски сегмент за ЕП 2025.
Андреј Магдевски е подготвен да го даде својот максимум на престојните два натпревари од третиот и последен ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот 2023.
Новиот организатор на играта на холандскиот Донар од Гронинген смета дека најважно е да ја имаме потребната „свежина“ за дуелите со Словачка (23 февруари) и Норвешка (26.февруари).
„Немаме многу време да се подготвиме,но како е за сите така е и за нас. Моментално најважно е сите играчи што играа на Купот да успеат да се опорават и да бидат спремни за претстојните два натпревари.
Што се однесува на репрезентациите на Словачка и Норвешка, добро ги познаваме. Ќе се обидеме да ги искористиме нивните маани и да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е преминување во наредна фаза од квалификациите. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво и се надевам истата ке ја пренесеме и на теренот“.
Теодор Симиќ ќе ги чека своите минути и на овие дуели во Левице и во Осло:
„Од овој ‘прозорец’ очекувам да го дадеме сите својот максимум и дека ако биде така, сето тоа ќе резултира со победа. Да бидеме концентрирани на играта, да влеземе мотивирани и да се вратиме, се надевам, со две победи. Ако го оставиме срцето на терен резултатот ќе биде во наша корист“- вели најмладиот играч во нашиот репрезентативен ростер.
Преносот од дуелот со Словачка е на Спортклуб 1.