Македонија минимално загуби од Саудиска Арабија
Македонија главно составена од фудбалери од домашното првенство, минимално загуби со 1-0 од Саудиска Арабија, натпревар од затворен тип.
Единствениот гол е постигнат во 85. минута, Салех Калид Алшехри погоди за водство и победа на Саудиска Арабија од 1-0.
Македонија настапи во следниот состав:
СОСТАВ: Наумовски (од 58. Алексовски), Тошевски (од 79. Илиевски), Бејтулаи (од 88. Младеновски), Велковски (од 64. Мерџани), Брдаровски, Адем (од 58. Николов, Димовски, Хасани (од 58. Трапановски), Дориев, Максимов (од 58. Шабани, Ибраими (од 46. Стојановски).
Напаѓачот Љупче Дориев по мечост со коментар за настаните на средбата.
“Одигравме навистина одличен натпревар. Дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне свое темпо или да создава сериозни шанси. Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за прикажаната игра. Треба да бидеме горди на нас самите и да се бориме и понатаму за место во репрезентацијата“ - рече Дориев.