Македонија поразена од Азербејџан во Скопје

Македонија загуби од Азербејџан со 3-1 во Скопје, натпревар од пријателски карактер.

Македонија добро започна и поведе со голот на Енис Барди од пенал во 25 минута, Елмас беше соборен во противничкиот шеснаесетник. 

Гостите стигнаа до израмнување во 38 минута преку Јафургулиев , на полувреме 1-1.

На стартот од вториот дел, Николов доби втор жолт картон, Македонија остана со играч помалку, а Азербејџан поведе преку Гурбанли.

Македонија преку Јани Атанасов и Енис Барди два пати ја погоди пречката, но не стигна до израмнување.

Азербејџан казни и преку Шејдајев ги постави конечните 1-3.