Македонија со три од три, Норвешка застана на 36 поени, Јончевски задоволен
Македонија ја совлада Норвешка со 58:36 во рамки на третиот натпревар од втората рунда на претквалификации за Евробаскет 2025.
Селекторот Александар Јончевски е задоволен од победата во натпревар во кој постигнавме под 60 поени, овој конечен резултат и тоа како ни одговара, смета селекторот по важната победа над Норвешка и додава:
„Како што кажа и селекторот на Норвешка што се случи – ние ја стопиравме нивната транзиција, а и позицијата од каде најчесто ги постигнуваа нивните поени. Тоа е заслуга на енергијата, на ангажираноста и на одличната одбрана благодарејќи на која не моравме да форсираме во напад. Ни одговараше тој тип на игра, иако постигнавме под 60 поени, но и тоа како ни одговара овој конечен резултат. Задоволен сум од играта на Шорц. Осумте поени не се значајни во статистиката, но и осумте асистенции покажаа дека е одличен организатор на игра каков и што ни требаше. Изненади и во делот од одбраната каде што беше крајно ангажиран и дисциплиниран. Генерална оценка е дека сум задоволен. Големо признание треба да им се одадде на сите играчи кои досега победија и два натпревари без натурализиран играч во составот“- дополни слеекотот на прес-конференцијата по мечот во Гевгелија.
Следно за Македонија е дулеот со Данска во недела, бараме четири од четири во ЕУРО 2025 претквалификациите.