Македонија со затворен тренинг, денес патуваат за Бугарија, во четврток дуел во Разград
Македонската фудбалска репрезентација, денес ќе одржи еден тренинг од затворен тип, потоа во попладневните часови патува за Бугарија, каде на 2 јуни со почеток од 18 часот го играме првиот меч во новата сезона од Лигата на Нации.
Македонија е фаворит во групата со Бугарија, Грузија и Гибралтар. Во овие јунски термини имаме згуснат распоред на мечеви, ќе се одиграат вкупно четири за десет дена.
„Сите мора да го дадеме максимумот. Ќе биде напорно, сепак сме ние професионалци, ќе мора да одиграме најдобро, имаме доста играчи, се игра на секои три дена. Мислам дека не сметаат за фаворити, се ставаме во фаворитска улога. Убаво е што имаме млади играчи, тие ќе се докажуваат, и се надевам дека ќе го дадат својот максимум, и ќе биде се во најдобар ред“ – вели Трајковски.