Македонска приказна како од Силиконската долина: Кодвел поместува граници во вештачката интелигенција
Импресивни, мотивираат, поместуваат од тло. Приказната на македонската компанија Кодвел (CodeWell) навистина е претприемачка приказна од Силиконската долина, со тоа што не се случува во Сан Франциско туку во Скопје. Така вели и Нино Карас, еден од основачите на компанијата. Самиот е млад, амбициозен, инспиративен. Има идеи и ги спроведува. Како малкумина во земјава. А се почнало во 2011 година кога Нино имал само 20 години. Ја основал компанијата Кодвел со негов колега од Институтот за информатика на Природноматематичкиот факултет. Во тоа време и двајцата немале бизнис искуство, ниту пак почетна инвестиција – само два лаптопи и визија за светски продукт.
Пoчетокот впрочем е во време кога се појавија првите Андроид телефони во Македонија – па како што вели Нино Карас од забава и интерес сакајќи да креираат нешто ново направиле апликација која овозможувала offline навигација за јавниот градски превоз во Скопје. Апликацијата решавала секојдневен проблем за голем број на луѓе и станала многу користена за кратко време. И тогаш – вели Карас, со Марко сфатиле дека имаат заедничка визија, па ја основале и Кодвел.
Целиот текст можете да го прочитате на Фактор