Македонски автомобилски магнати: Прва класа стил на тројцата хедонисти

Стекнале се со работа и труд, посветеност, вложувања, вистински одлуки и добри решенија. Се занимаваат со професии кои се многу доходовни насекаде во светот. Тројцата ги поврзува автомобилската индустрија и најдобрите автомобили на денешницата, како и традицијата во нивните семејства за овој бизнис. Тие се генерални застапници на најпознатите брендови како „Пежо“, „Порше“, „Мерцедес“.

Овие директори не само што сакаат убави автомобили, туку и убаво се облекуваат. Имаат вистински стил кој е прва класа. И не се само парите во прашање- стилот не се купува, тој се гради! Веројатно научиле да изгледаат светски облечени, поттикнати и од совршените линии и перформанси на возилата. Секој е приказна за себе, но хедонизмот исто така ги спојува.

Даниел Воиновски- „Еуроимпекс“- генерален застапник на „Пежо“

Нема промашување! Галантен во секоја прилика. Кога носи костум тоа го прави на најдобар можен начин- црна боја, пеперутка вратоврска, кошула со суптилен дезен и ситни, но битни модни детали. Кога е во спортка облека, обожава комоција, но се е усогласено и се на свое место. Воиновски е исклучителен човек. Оди на сафари, лови, плови со регати... Активен е на социјалните мрежи, се дружи, и често ги носи своите вработени на патувања.

Златко Муцунски- генерален менаџер на „Порше Македонија“

Излезен како од списание. Никогаш нема да го видите да не е сто процентно спремен, со врвен стил. Сака спортска елеганција, а според неговата висина се му стои убаво. На настани секогаш носи костум кој е внимателно избран, соодветно комбиниран со вратоврска и чевли. Кога оди на патувања се облекува спортски, најчесто во фармерки и маичка, сето тоа надополнето со одлични патики кои се во согласнот со целокупниот излед. Кај него адут е и косата која го надополнува силниот моден впечаток за него.

Зоран Марковски- генерален директор на „Мак Аутостар“

Мотото на „Мерцедес“ е „Најдоброто или ништо“. Токму таков е и тој- бира само најдобро во облекувањето. Може да се каже дека е предводник на врвна елеганција. Најчесто во костум кој е како кроен за него, без детали кои бодат очи. Исклучителен во изборот на чевли и вратоврски. Дури и ставот му е одмерен и умерен. Вистински господин предодреден да биде во фокусот на добрата страна на модата и стилот.

Фото: Фејсбук