Македонски Олимписки великани: Но една дама дури и на 60 години покажа надмоќ

До почетокот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио остануваат уште триесетина дена, а некои од македонските спортисти што обезбедија олимписки настап веќе се во фаза на подготовки, за што подобро да го пречекаат почетокот на Игрите во Јапонија.
Досега Македонија има вкупно четворица спортисти што ќе настапат на ЛОИ 2020, но се очекува тој број да биде поголем. На минатите Игри, во 2016 година, Македонија имаше шест спортисти, четири години пред тоа четворица, во 2008 година седуммина итн.

Во Токио ќе настапат Магомедгаџи Нуров (борење слободен стил), Дејан Георгиевски (таеквондо), Борјан Бранковски (стрелаштво) и Пулексенија Јованоска (карате). На квалификациски турнири треба да учествуваат уште неколку македонски спортисти во настојувањето да ја обезбедат потребната олимписка норма.

Македонскиот Олимписки Kомитет е 195-ти член на Меѓународниот Олимписки комитет. Оваа институцја со години го негува олимпискиот дух, а Македонија имала неколку „титани“ кои учествуваа на големите Олимпијади и се закитија со медал.

Македонските спортисти имаат освоено 12 олимписки медали и тоа сите на летна олимпијада: 2 злата, 5 сребра и 6 бронзи. Повеќето од медалистите се членови на "Клубот на великаните" на МОК, што претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја. Строгите критериуми, досега ги имаат исполнето 17 спортисти и спортски експерти. Секој член на "Клубот на великаните" добива статуа, златен прстен и значка.

Освојувачи на медали на олимписки игри се:

Благоја Видиниќ – ЛОИ Мелбурн - 1956 – сребрен медал
Благоја Видиниќ – ЛОИ Рим - 1960 – златен медал
Благоја Георгиевски – ЛОИ Монтреал - 1976 – сребрен медал
Аце Русевски - ЛОИ Монтреал - 1976 – бронзен медал
Шабан Сејдиу - ЛОИ Москва - 1980 – бронзен медал
Шабан Сејдиу - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медал
Азис Салиху - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медал
Милко Ѓуровски - ЛОИ Лос Анџелес 1984 – бронзен медал
Реџеп Реџеповски - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – сребрен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – златен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медал
Стојна Вангеловска - ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медал
Могамед Ибрагимов - ЛОИ Сиднеј - 2000 – бронзен медал

Во Клубот на великани на МОК има и други членови, а во продоление ги гледате кои се:

Никого не би издвојувале посебно затоа пто сите се заслужни за огромниот успех кој го постигнаа, но Нада Ицева направи неверојатен подвиг.

Таа беше скокач со падобран, македонска и светска првенка и рекодерка, четири кратен првак на поранешна СФРЈ, најдобар македонски скокач со падобран на сите времиња. Носител е на престижните признанија Дијамантска значка и Златен прстен на Интернационалниот Олимписки Комитет - ИОК. Има изведено над 1.150 скокови (вклучувајќи го и оној во 1994 година кога имаше скок по повод својот 60-ти роденден). Нејзиниот личен рекорд е скок од 6.800 метри височина.

Фото: МОК