Македонски зет: Ракометарот Шпенде си најде вечна љубов во Марија
Брак со Македонска! Има ли нешто поубаво? Нашинките се најубави!
Познатиот ракометарот Александар Шпенде, кој до пред две години беше дел од екипата на Металург и беше најефикасниот играч на тимот од Автокоманда, стана македонски зет.
Уште додека Александар беше во Металург, тој стапи во врска со неговата колешка од женската екипа на Металург, Марија Гајиќ, па медиумите често коментираа дека тие се совршен пар.
Овој пат медиумите за бракот дознаа од социјалните мрежи, бидејќи и двајцата добрата вест ја споделија на Фејсбук, со што и официјално се зголеми бројот на македонски зетовци ракометари.
Инаку, Шпенде си замина од Металург после само една сезона откако „металурзите“ го совладаа Вардар во Купот на Македонија во 2019 година, а потоа се пресели во ППД Загреб. Од јануари го носи дресот на екипата на Базел.