Македонскиот актер ја омажи сестрата: Свадба со сите адети, Некст Тајм пееја на веселбата

Познатиот актер и стендап комичар Стефан Николовски, вчера го имаше еден од поважните моменти од неговиот живот, ја омажи неговата сестра Лилјана.

Како што е адетот, Стефан ја изнесе својата сестра од домот и ја предаде во рацете на неговиот зет со песна и музика, како што доликува за една македонска свадба.

Стефан на својот Инстаграм профил најави дека во текот на денот ќе споделува приватни моменти од свадбената веселба.

Се пеело и играло, а изненадувањето за гостите бил бендот Некст Тајм кој ги отпеаја познатите хитови. На фотографиите се гледа дека Стефан е пресреќен и задоволен од забавата.

Помеѓу свадбените фотографии беше и онаа со неговата понежна половина, но и прва јавна фотографија со неговата девојка.

Фото: Инстаграм

„Често кога имам голем проблем знам да си шепнам „Ништо страшно, сѐ е тоа рок ен рол“ “: Интервју со актерот и стендап комичар Стефан Николовски