‘’Мали сезнајковци’’ во Скопје Сити Мол

Скопје Сити Мол  е секогаш тука за да понуда супер забава за најмалите. Во најголемиот трговски центар „Скопје Сити Мол” наредните три викенди ќе се одржува кампањата “Мали Сезнајковци”. Што значи тоа? Суперзабавни работилници секој викенд.  Прогарамата ќе опфати натпревари, експерименти, работилници и предавања.

На 9ти и 10ти “Мал Пикасо” арт работлница 12:00 – 14:30 часот

На 16ти и 17ти “Мали Кувари” работилница со Марк де Јонг 12:00 – 14:30 часот

На 23ти и 24ти  “Мал Ајнштајн” научна работлница 12:00 – 14:30 часот

Мали Сезнајковци работилниците ќе се одржуваат на вториот кат во делот со детски продавници. Работилниците се бесплатни и од отворен тип и може да сеучествува само со претходна пријава. Пријавувањето за учество е 30 минути пред почетокот на работилниците. Секоја работилница е намената за група од 20тина деца.

– Како најголем трговски центар секогаш стремиме да понудиме супер забава за најмалите. Бидејки секоја година месец ноември е детски месец овој се решивме да понудиме три викенди  со три супер едукативни и забавни работилници. Темите се наука, сликарство и готвење. Сметаме дека ова се теми кои имаат во себе бескрајна креативност.

Креирањето и реализирањето на ваков тип на настани, сесамо потврда дека Скопје Сити Мол континуирано се грижи за заедницата во која делува’’, изјави Дамјан Корубин маркетинг менаџер на трговскиот центар.

За повеќе информации посетете ја www.skopjecitymall.mk/maliseznjakovci или фан страната на Скопје Сити Мол.

Повелете на “Мали Сезнајковци“ овој месец во Скопје Сити Мол