МАНАСТИРИТЕ ВЕЉУСА И ВОДОЧА: Македонски спокој, лек за душата

Нашето денешно патување води кон манастирите Вељуса и Водоча, кои се

уште една гордост на струмичкот регион, заедно со Колешинските водопади и

Смоларскиот водопад.

На седум километри од Струмица, во селото Вељуса се наоѓа манастирот

Воведение на Пресвета Богородица Елеуса или Вељуски манастир. На влезот

во манастирот ве пречекива беспрекорно среден двор и зеленило.

Мирот кој ќе го почувствувате уште кога ќе стасате на манастирската порта е

незаменлив. Внатре ќе ве пречека древна црква и неколку понови комплекси.

Рагледувајќи го убаво уредениот парк , одите по камени патеки кои се одлично

организирани, одат до секој манастриски оддел посебно.

Селото Вељуса порано се викало Палеокастро. Црквата која е посветена на

Богородица Елеуса, селаните често ја посетувале откако е изградена.

Приказната од нардот вели дека одејќи накај неа, селаните велеле: Одиме во

Елуеса. Елеуса подоцна станало Велеуса, и од таму името Вељуса.

Манастирот во Вељуса постои од 1080 година кога Тивериополскиот епискот

Мануил подигнал црква која што и ја посветил на Богородица, поточно на

нејзиното Воведение во храмот. Но, за свој празник манаситор го смета 21

септември, односно денот на Рожденството на Пресвета Богородица.

Ако сте го посетиле селото Вељуса, невозможно е да го одминете Водоча, кое

се наоѓа на 4 километри од Струмица.

Водочкиот манастир се нарекува и комплекс цркви Св. Леонтиј. Интересна

историја има овој прекрасно среден комплекс.

На локалитетот се сочувани три цркви источна, западна и средна, со три фази

на живописување во ентериерите.

Во состав на комплексот ќе сретнете архитектонски остатоци, манастирски

комплекс, трпезарија, стопански објекти, две бањи и повеќеслојна христијанска

некропола од VII век до IX век. Источната, трикорабна куполна црква, била

епископска. Оваа црква била оштетена во Самуиловиот период, а подоцна

повторно обновена.

Во периодот од 1018 до 1037 година изградена е западната, мала крстовидна

куполна црква посветена на Св. Богородица Елеуса и Воведение. Со

археолошките истражувања во манастирскиот комплекс во Водоча се откриени

преку 1000 гробови со накит и керамика од XIV до XIX век.

Овие два манастири се богатсво кое вреди да се види. Најдобро би било

екскурзијата во струмичкио регион да ја врзете со посетата на Колешинските и

на Смоларките водопади. Но, не се во еден ден. По посетата на манастирите,

откако ќе си ги средите впечатоците од убавината и мирот во кои сигурно сте

уживале, време е за водопадите.

М.Џаровска

Фото: Вангел Тануровски