ФОТО-ВЕСТ – Шпаркасе Банка со летна кино-авантура за млади

Летото официјално доби нова димензија! Овој викенд на руфтопот на Скопје сити мол, пред полна публика и под отворено небо, беше означен почетокот на авантурата Vibe On 1+1 – уникатно кино-искуство за младите, поддржано од Шпаркасе Банка, во партнерство со Синеплекс и Скопје сити мол.

На првата вечер од акцијата Vibe On 1+1, младите уживаа во кино под ѕвезди – со секоја карта купена со картичката Vibe On Visa од #ШпаркасеБанка, добиваа уште една бесплатно, гратис коктел, како и незаборавни моменти во #VibeOn корнерот, каде што ги чекаа многубројни изненадувања и награди.

Летниот филмски вајб продолжува – сите љубители на кино под отворено небо може да изберат проекција од Vibe On 1+1 репертоарот и да уживаат во посебно летно доживување на руфтопот во Скопје сити мол.

Целосниот распоред и филмовите со Vibe On ознака се достапни овде bit.ly/4nvoHmT

Летово – филмот е #VibeOn!