Спорт // Спорт
Манчестер Јунајтед има две понуди, една од Катар и една од Англија
Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани и неговиот конзорциум и претседател на Катарската Исламска банка (QIB), официјално во петокот поднел понуда за купување на 100% од акциите на Манчестер Јунајтед, рокот за понуди истече вчера.
Желбата на шеикот е да се продолжи успехот на Јунајтед, клубот да се врати на славните патеки од времето на Сер Алекс Фергусон, сумата која според непотврдени информации изнесува 6 милјарди евра !
„Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани го потврди поднесувањето на понуда за стекнување на 100% акции од фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед“, се вели во соопштението. „Понудата е насочена за враќање на клубот кон поранешната слава“, се вели во соопштението на катарскиот конзорциум.
Конкуренција на Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани е понудата на најбогатиот Британец, сер Џим Ретклиф.