Маратон, а не спринт: Еве колку точно минути секс ѝ се потребни на жената за да достигне кулминација
Не е новост дека на жените им треба подолго време за да постигнат оргазам од мажите, но сега знаеме уште некои детали
Новото истражување уште еднаш потврди дека жената повеќе ќе ужива во сексот доколку мажот го доживее како маратон, а не како спринт, пишува „NY Post“.
Резултатите од студијата, објавени во Журналот за сексуална медицина, откриле колку време, во просек, на хетеросексуалната жена ѝ треба да достигне кулминација, што е 13 минути и 41 секунда. Во истражувањето учествувале 645 хетеросексуални жени на возраст од 30 години, сите во моногамна врска, од 20 земји во светот, најмногу од Велика Британија, Холандија, Индија и САД.
За потребите на студијата, сите од нив беа замолени да ја вклучат стоперката кога ќе се возбудат сексуално и да ја исклучат кога ќе достигнат кулминација. Истражувањето траело осум недели, а резултатите покажале дека времето во кое жените доживеале кулминација варира од 12,76 минути до 14,06 минути, но и дека 17 отсто од испитаниците никогаш не доживеале оргазам.
Се покажало и дека жените ретко доживуваат оргазам вагинално, односно преку пенетрација. Само 31,4 отсто од нив можат да доживеат кулминација на овој начин. На 68,6 отсто од жените им е потребна дополнителна стимулација како бакнување, лесно грицкање и допирање на ерогените зони.
Некои пози се многу поефикасни од другите. Жената најлесно ја достигнува кулминацијата кога е над партнерот и го диктира темпото. Во текот на студијата откриен е еден интересен факт – задоволството ќе биде поголемо доколку носиме чорапи за време на сексот.
Извор: krstarica.com