Машка фризура на која паѓаат девојките (ВИДЕО)
Девојките ќе полудат по вас доколку ја носите оваа фризура...
Ова е една од најпопуларните фризури за мажи, но тоа е и фризурата што жените сакаат да ја видат кај мажите. Тоа е Fury Undercut што Бред Пит ја овековечи и ја носеше во неговиот филм „Fury“.
Популарната Undercut фризура е на врвот многу години и речиси секој трет маж носи некоја варијација на оваа фризура. Косата од страните е кратка, додека кон ушите станува уште пократка. Косата одозгора е многу подолга и најчесто е разделена. Има, се разбира, безброј варијации, па можете да ја завртите косата одозгора, да ја кренете нагоре, да ја лизнете наназад или да ја врзете во опавче.
Сепак, најпопуларната верзија е Fury Undercut што Бред Пит ја носеше во својата филмска изведба. Бред изгледаше неверојатно со оваа фризура и и даде нов војнички шмек. Бидејќи во филмот глумеше армиски капетан, оваа фризура одлично му прилега, иако сите мислеа дека со оваа фризура нема да изгледа доволно мажествено.
По овој филм, мажите ширум светот почнаа да се стрижат на сличен начин, а девојките сакаа нивните мажи да изгледаат како овој холивудски актер.
Погледнете го видеото кое ќе ви покаже како најлесниот начин да ја направите оваа фризура: