Машкиот пенис се намалува со текот на годините! Уролог објаснува колку сантиметри станува пократок по триесетите години
Секој дел од телото се менува со текот на времето,
вклучувајќи го и машкиот генитален орган. Ова е особено незгодна тема за
мажите, а многумина се загрижени за тоа како ќе изгледа нивната гордост кога ќе
достигнат одредена возраст. Како што тврдат одредени експерти, за жал, постои
причина за загриженост.
Урологот Ирвин Голдстајн често објавува едукативни видеа на социјалната мрежа TikTok, а овој пат реши да проговори за машкиот генитален орган. Како што вели, пенисот значително се намалува со годините.
„Ако пенисот е долг 16 сантиметри во неговите триесетти, може да биде 12 или 13,5 во шеесеттите или седумдесеттите години“, вели д-р Ирвин.
Сепак, не постои дефинитивен доказ дека должината и ширината на пенисот ќе се менуваат како што старее мажот.
@dickdocontiktok Dr. Zimmerman instructs how to accurately measure a pickle. #maleenhancement #length #girth #HapPenis original sound - DickDoc
Исто така, постојат многу начини за мерење на големината на пенисот, вклучително и кога е во ерекција и кога не е. Сепак, некои состојби поврзани со стареењето ја намалуваат должината на пенисот, а тие вклучуваат:
-цврстина
-ефекти по операција на простата (привремено)
-Пејрониевата болест каде лузни во фиброзниот слој на пенисот предизвикуваат свиткување.
Должината на пенисот во ерекција исто така може да се намалува со возраста поради еректилна дисфункција и помала еластичност на пенисот.
Фото и Видео: ТикТок