Matebook X Pro – Вашиот нов моќен и елегантен придружник

Изборот за нов лаптоп за еден корисник и современ маж треба да биде многу поголем и да опфати повеќе фактори, освен самиот хардвер и перформансите на хартија. Лаптопот како уред станува се понеопходен за завршување на сите обврски со кои се соочуваме денес, особено со непредвидливоста на КОВИД-19 пандемијата и честите промени на работа од канцеларија, од дома или од далечина. За да бидете успешен деловен човек, но и маж со вкус и естетика, неопходен ви е ултра модерен лаптоп, кој освен што ќе ви биде главна „машина“ за работа и мултимедија, ќе го отслика и вашиот стил. Новиот Huawei Matebook X Pro е токму таков избор. Совршено склопен лаптоп однадвор со премиум материјали на градба, супер лесен и пренослив, а истовремено со моќни перформанси под хаубата, па да видиме што има да понуди Huawei Matebook X Pro.

Елегантен дизајн и моќен впечаток

Huawei Matebook X Pro е еден од најмодерните лаптопи во последно време следејќи ги сите трендови за изглед, функционалност, естетика и преносливост. Huawei Matebook X Pro тежи само 1,3 килограми и лесно ќе може да го носите секаде, дали во ранец или актовка. Лаптопот е прилично цврст, дава импресии на врвно парче технологија кое со нетрпение ќе сакате да го активирате. Компактноста на телото на Matebook X Pro се покажува и во тоа што е многу тенок со само 14.9 милиметри.


Идеална големина и екран на допир

Huawei Matebook X Pro има одличен баланс на големина на екранот од 13.9 инчи што значи дека е за нијанса помал од стандардните 15.6 инчни лаптопи, но притоа нема никакви компромиси во поглед на видното поле и приказот на содржини. Прегледноста, високата резолуција од 3000х2000 пиксели, густината на сликата, одличната осветленост, квалитетниот приказ на бои и контрастот, го прават идеален за употреба во различни услови, внатре и надвор. Големината како фактор е многу важна за Huawei Matebook X Pro бидејќи е многу компактен.

Со лаптопот може да управувате и преку екранот на допир што за одредени активности како на пример скролање низ менија и вести е многу атрактивно, брзо и едноставно. Тач екранот е уште посоодветен кога ќе го активирате таблет режимот на работа во хоризонтална поставеност на менито, одлично кога лежите на каучот и сакате да се опуштите до социјалните мрежи, гледање видеа и сурфање на веб.

Вградениот тракпад има одличен фидбек на команди, и може да го користите комотно и прецизно и кога до вас нема поврзан маус за навигација. Тастатурата има позадинско осветлување, па така и навечер или во темни услови ќе имате целосен преглед на копчињата. За куцање на текстови или мејлови физичката тастатура е одлично прилагодена за секој корисник, има цврсти копчиња и без напор ќе ги завршите сите задачи.


Што е Huawei Share и како да го активирате смартфонот во комбо со Huawei Matebook X Pro?

Huawei воведе неколку иновации во комбинација со Windows 10 оперативниот систем кој е целосно лиценциран. Преку апликацијата Huawei PC Manager може да ја активирате функцијата Huawei Share. Само допрете го вашиот Huawei смартфон под тастатурата на лаптопот и веднаш целото мени од мобилниот уред ќе го добиете на Huawei Matebook X Pro. На овој начин ќе може да користите еден дисплеј и за двата уреди, да префрлате фајлови помеѓу нив, да уредувате документи и во секое време да имате увид во нотификациите.

Секогаш безбедни со заштитена приватност

Една од најдобрите иновации на Huawei Matebook X Pro е фактот што во самото копче за вклучување на уредот е вметнат и скенер за отпечатоци. Штом го регистрирате отпечатокот од вашиот прст само вие ќе може да го отклучите и активирате лаптопот, па така ќе бидете сигурни дека дури и да ви биде изгубен или украден никој нема да може да влезе во уредот и да ви ги злоупотреби податоците и фајловите.

Во самата тастатура е вградена и веб камерата која ќе ви биде од голема корист додека реализирате видео повици или онлајн состаноци преку апликации како Zoom, Google Meet, Skype или други. Штом завршите со повикот само треба да ја притиснете и повторно камерата ќе се врати во лежиштето. Иако позицијата на веб камерата е невообичаена, нема потреба да ја покривате со налепници ако стравувате дека некој може да ве „хакне“ и да ви ја наруши приватноста.


Спој на убавото и корисното

Huawei Matebook X Pro нуди ефикасен хардвер, работи со Intel i7 10510U процесор од десеттата генерација, па така и постигнува одлични резултати кога е во прашање искористеноста на енергијата. Со едно полнење на батеријата со капацитет од 56Wh ќе добиете десетина часа на активна работа која вклучува обработка на документи, преглед на видеа и мултимедијални содржини и користење на интернет сервиси и алатки, како е-маил, пребарување и слично. Лаптопот располага со SSD диск за брзо вчитување на податоци и 16 GB LPDDR3 RAM за непречен мултитаскинг.

Лаптопот е многу симпатичен и убедливо ќе го поседувате најмодерното парче технологија моментално достапно и на македонскиот пазар. Со Huawei Matebook X Pro добивате лаптоп кој може да ги совлада сите предизвици, да го користите за завршување на обврските надвор од канцеларијата или додека работите од дома, а исто така со прекрасниот дисплеј и висококвалитетните звучници ќе може да уживате во на пример содржините на Netflix и другите сервиси за мултимедија.

Huawei Matebook X Pro е лаптоп кој би го посакал секој маж, остава впечаток на сериозност, на успешност во водењето бизнис, следење на трендовите и знак дека работните предизвици се земаат сериозно. Стилски гледано лаптопот случи и како аксесоар, придружник во текот на целиот ден, без оглед дали сте на состаноци за креирање белешки и презентирање, за комуникација и организација во текот на работното време и секако одличен уред за забава и опуштање во слободното време.